Полицијата ја уапси жената, која го ограби 54-годишниот велешанец, веднаш откако му се слошило, паднал и починал.
Триесет и двегодишната велешанка, наместо да му помогне на човекот кога почнал да губи свест, му го одзела паричникот и си заминала.
“На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари. Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите. Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава”, велат до СВР Велес.
Велешанецот Т.Ѓ., вчера околу 10 часот почина, откако движејќи се кај дуќаните на Нов мост во Велес, му се слошило. Јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото, за да се утврди точната причина за смртта.
фото: batali.net
Следете не, не има насекаде