ноември 23, 2024

Дваесет и три годишна медицинска сестра во хируршкото одделение во струшката болница,физички е нападната од 52 годишен жител на селото Велешта на своето работно место, откако таа побарала од него да ја изгаси цигарата. „Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал. Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден“, велат од Основно јавно обвинителство. Поради опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста да го повтори делото, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор. Полицијата против него поднесе соодветна пријава. Пред десет дена на истото одделение неколку медицински сестри и лекар беа нападнати од лице кое насилно влегло во објектот, откако претходно ги искршил прозорецот и вратата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK