ноември 23, 2024

Ријана, музичка ѕвезда и една од најуспешните жени во областа на козметиката благодарение на нејзиниот мултимилионски бренд „Фенти“, ја прифати поканата да пее на свадба во Индија и нејзиниот мини концерт ги чинеше младенците пет милиони долари.Ријана беше ангажирана да настапи на церемонијата пред официјалната венчавка на најбогатиот човек во Индија кој немаше проблем да и исплати пет милиони на пејачката за настапот.
Концертот кој беше увертира на венчавката ги собра боливудските ѕвезди, клучните луѓе од најголемите компании во светот , политичарите и луѓето од светот на музиката. Имено, венчавката е замислена како тридневен настан и настапот на Ријана е само дел од програмата која трае три дена.Целата организација, според извори на „Дејли мејл“, чинела 120 милиони, плус трошоци за гостите од околу 20 милиони долари.
she just don’t give a fuck pic.twitter.com/cV5EqlEsiI— ✯ (@crispypunxni) March 1, 2024
Извори блиски до Анант Амбанис велат дека трошоците ќе бидат уште поголеми кога свадбата „ќе се одржи“ во јули во Мумбаи.Таткото милијардер на Анант и платил на Бијонсе да настапи на роденденот на неговата ќерка во 2018 година, па настапот на Ријана и парите не се ништо за патријархатот на семејството Амбанис.Настапот на пејачката очекувано заврши на социјалните мрежи бидејќи луѓето постојано споделуваа клипови од нејзиниот настап и сите забележаа дека Ријана е одлична, но публиката е „целосно мртва“. Како што напиша некој во коментарите: „Со пари може да се купи се, но не и среќа бидејќи овие луѓе не знаат да уживаат“.Покрај снимката од концертот на Ријана, најголеми симпатии освоија и кадрите од аеродромот каде Ријана се фотографираше со сите што и пријдоа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK