ноември 24, 2024

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг во вторникот призна дека моментално најголемата глобална поп-ѕвезда Тејлор Свифт е платена да настапи во Сингапур и никаде на друго место во Југоисточна Азија.

Свифт моментално е на средината од серијата од шест распродадени концерти во Сингапур, единствениот град во југоисточна Азија вклучен во нејзината распродадена светска турнеја „Eras“.

Ваквиот распоред предизвика контроверзии во регионот, при што Сингапур беше обвинет дека се расрла со пари за да ја спречи Свифт да анстапи на други локации во регионот. Покрај тоа, соседните земји го прогласија ваквото однесување на Сингапур за „непријателски чин“.

Прашањето неочекувано излезе на виделина на самитот на Асоцијацијата на нациите од југоисточна Азија (ASEAN) и Австралија во Мелбурн, собир кој обично е повеќе преокупиран со прашањата за безбедноста и економскиот раст.

„Нашите агенции договорија со неа да настапи во Сингапур и во договорот е вклучено дека тоа ќе биде нејзината единствена станица во југоисточна Азија“, изјави премиерот Ли Хсиен Лунг на заедничката прес-конференција со неговиот австралиски колега.

„Постигнат е договор. И се покажа дека е многу успешен договор. Дали би настапувала во други азиски градови доколку немаше договор? Можеби да, можеби не“, изјави Ли.

Сингапур постојано одбиваше да даде поединости за финансиските услови од договорот со Свифт.

Тајландскиот премиер Сретта Тависин минатиот месец изјави дека Сингапур ѝ плаќал на Тејлор Свифт три милиона долари по настап, под услов таа да настапува само таму.

Менаџментот на турнејата на Тејлор Свифт не ги коментираше контроверзиите.

Турнејата „Eras“ има големи шанси да стане најпрофитабилната турнеја на сите времиња, што ќе им донесе многу пари на Свифт и Сингапур.

Свифт ќе настапи на шест распродадени вечери таму пред 300.000 обожаватели, а 70 отсто од посетителите на концертите доаѓаат од странство и трошат до 370 милиони долари во градот, според економистите на „Maybank“.

Меѓу 1-ви и 9-ти март, кога Свифт ќе престојува во градот-држава, бројот на летови до Сингапур се зголеми за дури 186 отсто, а резервациите за сместување речиси петкратно.

По Сингапур, концертната турнеја на Тејлор Свифт доаѓа во Европа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK