мај 10, 2026

Со победата против Лацио со 3:0, Баерн влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот клуб, лесно, ја надомести негативата од еден гол од првиот натпревар во Рим.

Во Минхен го видовме очекуваното сценарио, Лацио се определи да ја брани предноста, додека Баерн напаѓаше. Првиот гол го постигна Хари Кејн во 38. минута.

Гереиро имаше лош удар на една повратна топка, но Кејн внимателно ја следеше акцијата, успеа да одигра со глава и да го совлада Проведел.

Прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку една минута пред голот на Кејн, Чиро Имобиле погодеше од чиста шанса. Најдобриот стрелец во историјата на Лацио од пет метри не успеа да ја смести топката во голот.

Многу навивачи на Лацио го критикуваа Имобиле на социјалните мрежи.успех.

„Пензионирот Имобиле, збогум на Лига на шампионите, пензионирај се или оди во Саудиска Арабија“, се најчестите коментари за настапот на Имобиле.

The post Фановите на Лацио удрија по капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK