мај 10, 2026

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK