мај 10, 2026

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја повика опозицијата, која најави дека ќе поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката, да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите на секој амандман.

Во одговор на новинарско прашање, Битиќи рече дека ги разгледал амандманите, но дека треба да ги слушне и претставниците на опозицијата. Повтори дека овие инвестиции се за доброто на граѓаните.

– Сметам дека не е работата дали некој е „за“ или „против“, работата е да останат достоинствени на своите позиции и да го прават тоа што граѓаните го очекуваат од нив. За жал, во изминатите четири години гледавме неразумност и кога не стануваше збор за стратешки инвестиции. Кога требаше да се зголеми минималната плата, гледавме дека опозицијата бојкотираше, кога требаше да се донесат антикризните мерки, опозицијата бојкотираше. Ги повикувам, како што ги дадоа амандманите, да дојдат да го слушнат одговорот кон секој еден амандман. Ако не се случи тоа, ништо спектакуларно. На 9 мај ќе имаме нова влада предводена од СДСМ којашто ќе ги продолжи овие инвестиции затоа што тие се за доброто на граѓаните, рече Битиќи.

Во однос на измените во овие закони, Битиќи рече дека тие се во суштина укажувања од Комисијата за заштита на конкурентноста и во Законот за „Мителинеос“ и во една ставка од Законот „AIM GREEN TECH“

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK