мај 11, 2026

Имињата на носителите на пратеничките листи на Социјалдемократскиот сојуз и кандидатите за пратеници ќе бидат познати кон крајот на март кога ќе се одржи седница на конгресот на СДСМ најави денеска партискиот лидер Димитар Ковачевски. Конгресот, како што кажа, ќе се одржи на почетокот на последната недела од март.

„Јас веќе ве информирав дека во СДСМ тече постапката согласно правилникот за кандидирање на кандидати за парламентарните избори и согласно она што е усвоено на Централниот одбор сметам дека и носителите и кандидатите за пратеници ќе ѝ бидат познати на јавноста преку одржување на конгрес на почетокот на последната недела од овој месец“ изјави лидерот на СДСМ одговарајќи на новинарски прашања.

Говорејќи во оваа насока, Ковачевски додаде дека носителите на пратеничките листи на СДСМ ќе бидат искусни партиски кадри кои и во минатото извршувале високи позиции во партијата и во државата.

„Сметам дека истото ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици, меѓутоа не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките и на Изборниот одбор, Централниот одбор и на конгресот“ вели Ковачевски.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера во изјава за медиумите изрази подготвеност да биде носителка на пратеничките листи на СДСМ на изборите, но и нејзиното име воопшто да не се најде на нив.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK