мај 11, 2026

Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот се спаси – објави атинската РТВ СКАИ.

СКАИ објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинген лет во формација со други авиони и се урнал пред пладне.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа хеликоптерот на воздухопловните сили „Супер Пума“, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот авион ЦЛ-415 додека не беше пронајден и изваден од морето час и половина подоцна.

Во подготвеност беа фрегатата „Егеј“ и воено-транспортниот авион „Ц-130“.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK