мај 11, 2026

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека Владимир Путин не е легитимен претседател на Русија.

Таа додаде дека ќе се обиде да ги убеди светските лидери да не преговараат со него.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, таа го пофали учеството на илјадници луѓе низ Русија и во странство за време на протестите на денот на изборите, пренесува Ројтерс.

„Ние си докажавме себеси и на другите дека Путин не е наш претседател“, рече Навалња.

Таа додаде дека „изборните резултати не се важни“.

„Ќе обезбедиме никој во светот да не го признае Путин како легитимен претседател. Никој да не седне со него на преговарачка маса“, рече Навални.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори одржани од 15 до 17 март, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави руската Централна изборна комисија врз основа на 100 отсто обработени гласачки ливчиња.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK