мај 11, 2026

Матичниот лекар Ацо Трповски синоќа во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст- Јавува Слободен Печат.
Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат дека тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од итната помош констатирал смрт а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Истражните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK