Безживотно тело на машко лице е пронајдено пред поликлиника во Железара. Телото пред полноќ со девет убодни рани од нож е пронајдено во автомобил. Станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел убоди со нож од кои тој починал. Телото било пронајдено од неговиот син, кој почнал да го бара откако таткото не се вратил дома од работа, по што ја повикал полицијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Следете не, не има насекаде
