мај 11, 2026

Денеска во 02.16 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат 39-годишниот А.Т. од Скопје, извести МВР.

„Според пријавеното, тој претходно седел со неговиот колега Т.М.(54) од Скопје на подрачје на Лисиче и му се слошило, по што побарал од колегата да го однесе дома. Како што е пријавено, Т.М. застанал на пункт на Итна медицинска помош, од каде бил упатен кон Градската општа болница „8 Септември“, но на пат кон болницата А.Т. починал“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK