декември 3, 2024

Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот

Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое вели дека е ужасната од нападот и изразува искрено сочувство до рускиот народ.

„Амбасадата на САД во Москва е ужасната од извештаите кои доаѓаат од терористичкиот напад во Крокус сити хол во Москва. На рускиот народ му изразуваме искрено сочувство за загубените животи и за повредените во нападот вечерва“,

се наведува во соопштението на амбасадата.

Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

Исто така, предупреди дека американската влада е „строго ограничена“ во нејзината способност да им помогне на своите граѓани во Русија далеку од амбасадата во Москва. Во соопштението се вели дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува.

Би-би-си потсетува дека САД пред две недели издадоа предупредување до своите граѓани во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремисти имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, кои вклучуваат концерти“.

Во предупредувањето, Американците беа повикани да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите помеѓу предупредувањето и денешните настани сугерираат дека е можна поврзаност, коментира британскиот медиум.

Најмалку четириесет лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети кога вооружени лица облечени во маскирни униформи отворија оган од автоматско оружје кон луѓето во концертната сала „Крокус“. Засега се уште не е јасно кои се напаѓачите.

(ВИДЕО) Се урива покривот на концертната сала во Москва, најмалку 40 лица се убиени во терористичкиот напад

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина не е вмешана во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“.

Подољак: Украина не е вмешана во нападот кај Москва, сѐ во оваа војна се решава само на бојното поле

Со осуда за терористичкиот напад во Москва се јави и Европската Унија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK