Потребни состојки:
1 багет
100 г моцарела
70 мл сос за пица
30 г салама по желба(на пример кулен)
1 лажичка лук во прав
@sweetportfolioFull recipe in the comments #foodtiktok #bakingszn #pizza #foodhacks
♬ original sound – Josh Lepulu
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Исечете го лебот до половина на пет места. Внимавајте да не го исечете лебот до крај бидејќи ќе се распадне.
Додајте сос за пица. Потоа додајте салама и врз целиот леб додајте рендана моцарела и наросете со шеќер во прав. Ставете ја пицата во рерна на 10 минути или додека да се растопи сирењето и малку да се запече.
Исечкајте ја пицата на парчиња и послужете ја со салата по желба.
Совет: може да додадете уште еден вид сирење, песто, маслинки и рукола. Комбинирајте ги намирниците по желба.