ноември 27, 2024

Направете вкусно смути полно со антиоксиданси
Во овој рецепт нема додаден шеќер, но единствениот извор на слатко е зрелата банана, а во подготовката се користи незасладено бадемово млеко наместо кравјо.
Денот можете да го започнете со ова смути, да се наградите после вежбање или да го задоволите гладот ​​на работа.
Потребни состојки:
350 мл бадемово млеко
200 грама спанаќ
2 банани
2 лажици какао
1 лажица семе од чиа
¼ лажички цимет
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и кратко изблендирајте, а по желба додадете неколку коцки мраз.
Иако можете да го пиете ова смути подоцна во текот на денот, имајте на ум дека е највкусно во моментот кога ќе го истурите од блендерот во чашата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK