Француската влада го подигна предупредувањето за можен терористички напад на највисоко ниво по нападот во Москва, соопшти премиерот Габриел Атал по состанокот на високи претставници од областа на безбедноста и одбраната со претседателот Емануел Макрон.
Емануел Макрон во придружба на Габриел Атал, фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT
Атал во објава на Икс рече дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот во Москва и заканите што ја притискаат нашата земја“.
Предупредувањето за тероризам во Франција има три нивоа, при што највисокото се активира пред напад во Франција или во странство кога заканата е непосредна.
Ова овозможува воведување вонредни безбедносни мерки како што се засилени патроли на вооружените сили на јавни места – железнички станици, аеродроми и верски објекти.

