мај 12, 2026

Како што е познато популарната битолска фолк група ,,Молика” ја најави својата австралиска турнеја која ќе започне на 12-ти април. Објавени се детали за концертите во Сиднеј, а со групата ќе настапува Сузана Гавазова, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.

Но Македонците во Австралија жестоко негодуваат и на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на Гавазова.
Од профилот „Macedonian Coalition“ на фејсбук напишаа:

– БОЈКОТ!Сузана Гавазова, откако пееше на настанот на СДСМ за прослава на промената на името кон крајот на минатата година, беше одбиена и и беше забранета од Македонците во Австралија да патува назад таму.

Групата наречена „Бато ентертејмент“ (Bato entertainment), меѓутоа, за парична добивка, одлучија без да го земат предвид бесот и реакциите на Македонците во Австралија да ја поканат Сузана Гавазова на турнеја во Австралија.Секој Македонец треба да го бојкотира овој настан доколку пее Сузана Гавазова..

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK