мај 12, 2026

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто вели дека изјавите на официјални лица на одделни членки на НАТО за испраќање воени трупи во Украина го зголемуваат ризикот од нова светска војна.

„Во ваква критична ситуација, не се само дејствијата кои имаат значење, туку и зборовите имаат огромно значење. Така, кога станува збор за изјави, за можноста за испраќање војници во Украина во име на одредени земји-членки на НАТО, тоа е навистина опасно, бидејќи не сакаме да ја гледаме таа закана и застрашувачкиот ризик од приближување до светска војна“, рече Сијарто, пренесува Тасс.

За време на состанокот со опозициските лидери на почетокот на март, францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека Франција „нема граници и црвени линии“ кога станува збор за помошта на Украина, што вклучува потенцијално испраќање копнени трупи.

Неговите зборови беа остро критикувани од бројни партнери во НАТО, меѓу кои и Германија, како и политичките партии во Франција.

Лидерите на сите политички партии го обвинија Макрон дека го вовлекува Париз во конфликтот, дека е несериозен, а го критикуваа и дека не се консултирал со парламентот за овие прашања.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус изјавија дека Берлин нема да испрати свои војници во Украина, а Шолц нагласи дека земјите од НАТО како целина нема да го сторат тоа.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Тој, исто така, повтори дека не планира да испраќа крстосувачки ракети со долг дострел Таурус во Украина, пренесува Танјуг.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK