мај 12, 2026

Во овие моменти се врши претрес на една локација, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостувајќи во поткастот „Претрес“. Тој додаде дека две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба железара.

„Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија“, изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.Тошковски додаде дека според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK