април 28, 2024

Дома СКОПСКА
СКОПСКА
Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!
Од страна на Вечер -27/03/2024 – 15:08420

Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“, со проектот „И ти имаш право да ги запознаеш твоите биолошки родители“, ја отвори Пандорината кутија од која излегоа случаи кои допрва треба да ги разоткријат евентуалните злоупотреби, одделување на новородените деца од нивните биолошки родители и нивно давање на посвојување, без согласност од биолошките родители

Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“, со проектот „И ти имаш право да ги запознаеш твоите биолошки родители“, ја отвори Пандорината кутија од која излегоа случаи кои допрва треба да се испитаат и да ги разоткријат евентуалните злоупотреби, одделување на новородените деца од нивните биолошки родители и нивно давање на посвојување, без согласност од биолошките родители.

Тој на денешната прес-конференција со јавноста сподели случаи што му ги кажале мајки, дека од болница излегле без нивните бебиња, затоа што им рекле дека се починати, иако 9 месеци имале здрав плод во стомакот. Според истражувањето на „Градиме иднина“, бројката на наводно починати бебиња била 45 на ниво на цела држава, а сега зголемена за уште 90. Три посвоени лица го побарале и му се јавиле за да му кажат оти биле украдени и дадени на други родители.

– Тоа ми го потврдија посвоени лица од Куманово и од Неготино – тврди Јовановиќ и истакна дека и други посвоени лица се изјасниле дека се родени со измислени датуми на раѓање и друг единствен матичен број, со цел да се промени нивниот идентитет.

Тој вели дека ќе бара Министерството за внатрешни работи, Републичкото јавно обвинителство и сите подрачни јавни обвинителства, во сите 85 општини, како и Кривичниот суд да го поддржат овој проект и да се започне истрага за евидентирани починати бебиња од 2005, 2006, 2007, 2008 и 2009 година, дали навистина се починати.

– Исто така ќе бараме Комисија од Министерството за здравство ова да го истражи и да го провери. Воедно, од сите погребални друштва во Македонија ќе бараме да се види каде се погребани овие бебиња, но и да се направи обдукција – изјави Јовановиќ.

Тој изнесе и податок, според кој, имало мајки кои си ги продавале своите бебиња само за да дојдат до пари, бидејќи потекнувале од сиромашни семејства, а потоа повторно ги барале и трагале по нив иако ги продале.

– Посвоените бараат од сите приватни гинеколошки ординации, акушерски клиники, белиот мантил да не биде „бебе мафија“ и да не меша раце и прсти во бизнисот за продажба на бебиња, а кои се евидентирани како починати – дециден е Јовановиќ.

Тој апелира до посвоителите да не ги уништуваат и палат сите докази за потеклото на посвоените.

– Тоа ќе докаже и ќе ја отвори Пандорината кутија, кој од каде е земен и потекнува и кој му е биолошкиот родител. И тоа е цврст доказ за посвоените деца. Посвоените мора целата вистина да ја дознаат до нивната шеста, односно седма година – дециден е Илија.

Од Здружението упатиле писмени дописи со барање за средби со Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, како и Клиниката за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои тие ќе бидат запознаени со целите и активностите на проектот. Воедно, и да се договори заемна соработка меѓу здружението и клиниките, сè со цел, како што наведува во дописите да се помогне и да добијат и најмали шанси за разоткривање на евентуалните вакви случаи.

Тој истакна дека од денеска па натаму секој пријавен сомнеж нема да се толерира.
Линк до оргиналната содржина Тука-Вечер Пресс

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK