мај 12, 2026

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија нагласи: „Да, ако ме бараат како професионалец, но за плата од 5 илјади евра.“.

Ангелов зборуваше и за причините, поради кои се одлучил да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Со Мицкоски тој имал контакт околу две години. ВМРО ДПМНЕ ја поддржа нивната иницијатива за обештетување на семејствата на бранителите и Ангелов е уверен дека тоа ќе се случи, ако победат на изборите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK