Две од трите осомничени лица кои беа приведени од страна на полицијата за расветлување на случајот со убиството на докторот пред поликлиниката во Железара добија куќен притвор. Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството. Предлогот е прифатен и бараната мерка притвор е определена. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека биле приведени три лица. Според него мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на поликлиниката Железара.
Следете не, не има насекаде