ноември 24, 2024

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес изјави дека минимални се шансите тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо на крајот на сезоната да го преземе клубот од Минхен.

Баерн пред нешто повеќе од еден месец објави дека тренерот Томас Тухел ќе ја заврши својата мисија во Минхен на крајот од сезоната.

„Точно е дека сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не речам невозможно“, изјави Хенес.

Алонсо го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година, а оваа сезона е вистински хит во Бундеслигата.

„Сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Тој треба да му биде благодарен на клубот, но и клубот има за што да му заблагодари“, додаде Хенес.

Од 2014 до 2017 година, Алонсо играше за Баерн Минхен, каде што разви одлични односи со луѓето од клубот, меѓу кои и тогашниот претседател Ули Хенес, кој сега е доживотен почесен претседател.

The post Хенес: Алонсо нема да дојде во Баерн ова лето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK