На 28.03.2024 во 18.40 часот во викенд куќа на ул„Туристичка” во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба” од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба” од друга викенд куќа. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Следете не, не има насекаде