Егзитовата „Денс Арена“ веќе со години ужива статус на вистински храм на електронската музика и водечки танцов подиум во светот. Сместена во колосалните ровови на Петроварадинската тврдина, таа останува неизбежен аџилак за сите фанови на електронската музика, не само од регионов, туку и ширум светот. Карл Кокс, „Бонобо“, „Блек Кофи“, Масео Плекс, Сама’ Абдулхади, „Клангкуенстлер“, Карлита, „Ај Хејт Моделс“, Патрик Масон и уште низа глобални титани подготвени се да ја „запалат“ единствената „Денс Арена“ чија иновативна и импресивна програма, како и сјајна продукција, секоја година се издигнува на повисоко ниво. Ни тука не е крајот, бидејќи наскоро пристигнува уште едно големо изненадување кое ќе ја заокружи електронската одисеја на овогодишниот ЕГЗИТ Фестивал!
Составен дел од рејв-искуството на Тврдината е и култната „Но Слип Нови Сад“ бина која со години наназад на фановите им го претставува алтернативниот електронски звук. Сара Ландри, Огуз, Јотто, Естела Боерсма, Францис Мерсиер, Хелена Хауф и многу други ќе ја донесат својата уникатна енергија во бессониот ров од 11 до 14 јули. Без разлика дали ве привлекува техно, хаус или тек-хаус, на ЕГЗИТ пристигнува постава подготвена да го задоволи секој музички вкус.
EXIT Starseeds 2024 | Dance Arena & NSNS Are Back – GREATER THAN EVER!
„Со гордост го претставуваме едно од најсилните изданија на електронската програма на Exit. Секоја година и програмата и продукцијата ги подигнуваме на повисоко ниво, како би ја оправдале репутацијата на водечкиот танцов подиум во светот”, изјави основачот и директор на EXIT фестивал, Душан Ковачевиќ.
На славната Dance Arena, позната на публиката како рај за сите љубители на електронската музика, на првата фестивалска вечер, во четврток 11 јули пристигнува најпопуларниот диџеј на сите времиња, за многумина и самиот симбол на оваа професија – Carl Cox, а му се придружуваат берлинската диџејска ѕвезда и продуцент Klangkuenstler, пионерката на палестинската електронска сцена Sama’ Abdulhadi, Franky Wah и Mene!
Треската на саботната вечер на публиката ќе ѝ ја донесат хипнотизирачките звуци на мајсторот на иснспиративниот техно звук, Maceo Plex. Неговата способност да ги спои елементите на длабокиот хаус со интензивните техно ритми, ги прави неговите сетови секогаш единствено и незаменливо искуство. Истата вечер, диџеј-пултот ќе го преземе и ѕвездата на новата техно генерација, олицетворението на „диско инферно“ I Hate Models, кој настапуваше и на стадиони пред 30.000 луѓе иако ваквите бини досега беа резервирани само за најголемите бендови. Во моќниот електронски ров пристигнуваат и неверојатниот ексцентричен техно и хаус маг Patrick Mason, српската млада диџејска ѕвезда Lanna, футуристичката вила на електронската сцена Desna, како и енергичната Katalina со својот крос-жанровски сет.
Последната вечер на легендарната електронска бина, публиката ќе ја почести Греми-наградуваната глобална хаус икона Black Coffee, диџејот и продуцент кој стана едно од најбараните имиња на електронската сцена откако во октомври минатата година ја распродаде Madison Square Garden во Њујорк. Неделата на Dance Arena ќе ја одбележи и легендарниот Bonobo со својата уникатна сонична фузија, потоа Barry Can’t Swim ќе наслика динамичен музички пејзаж со своите речиси совршено хармонични бас линии, додека мултиинструменталистката Carlita ќе ги донесе танцовите ритми од срцето на Средниот Исток. Зад најуникатниот диџејски пулт ќе застане и водечкиот диџеј кога е во прашање музиката на светот, Mose, познат по својот мултикултурен звук, како и познатиот белградски двоец INNĒR SENSE