Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, денеска во Гостивар го потпишаа договорот за коалиција, и заеднички ќе одат на изборите во 2024 година.
Досега се споменуваа некои имиња кои ќе се најдат на списокот на пратеници како Елми Азири, Илире Даути, Наим Бајрами, додека се очекува да има уште две имиња, пренесува ТВ21.
За Европскиот фронт потпишаа уште и првиот човек на Народното движење Скендер Реџепи, со првиот човек на ДПА, Мендух ТАчи, и со првиот човек на ЕДП, Аријанит Хоџа. Договори се потпишани и со партии од помалите земји како Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.
Следете не, не има насекаде