ноември 23, 2024

Обезноста е сериозна комплексна хронична болест и доколку не се препознае навреме, може да доведе до појава на околу 200 други хронични болести, предупредуваат експертите. Апелираат да се разбие стигмата околу обезноста, да се подигне свесноста дека секое обезно лице треба навреме да се јави на лекар од примарното здравство за навреме да се дијагностицира, третира и превенира, во најмала рака, преминувањето на натхранетост, во обезност. Препораките се дека дури и на бремените жени треба да им се кажува дека просечно околу девет килограми е прифатливо да ја зголемат телесната тежина во текот на бременоста.

Во Центарот за менаџирање на дебелината на Клиниката за еднокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, од почетокот на септември, кога почнува со работа овој Центар, заклучно со 27 март, прегледени се 730 пациенти.
Директорот на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања – Скопје, Арѓент Муча за МИА открива дека најобезниот пациент регистриран досега во овој Центар, имал 225 килограми и боди маст индекс 73,5 што спаѓа во класата на морбидна обезност.
Нашето искуство вели дека повеќето од пациентите ги почитуваат советите на докторите. Кога доаѓаат, најчесто прашање е „за колку време ќе ослабам и колку ќе биде тоа?“. Нашата цел е за 10 месеци, тие да изгубат 10 отсто од нивната телесна тежина. Има случаи каде изгубиле и повеќе, но, има и случаи каде изгубиле помалку. Најважна е мотивацијата, не треба да се демотивираат, вели Муча за МИА.
Најчестите причини за дебелината, како што посочува, е начинот на живот, односно недоволната физичка активност, внесувањето на храна богата со калории, но и хормоналните нарушувања.
Според претседателот на Научното здружение за обезност – „Обем“, доцент доктор Ирфан Ахмети, дебелината како хронична болест е во пораст, како во светски рамки, така и кај нас, а предвидувањата се песимистички, односно се очекува пандемиски раст на оваа болест. Тој подвлекува дека превенцијата е многу важна и дека таа се однесува на промена на животниот стил, поголема физичка активност, здрав начин на живот, ослободување од лошите навики, особено кај децата и адолесцентите.
Навременото дијагностицирање е многу важно. Бројките кај нас, за кои можам да кажам дека се само претпоставки, е дека околу 28 проценти од популацијата се обезни. Исто така обезноста е во подем кај децата и адолесцентите, околу 30 отсто се натхранети и обезни, зборувам натхранети затоа што доколку не се интервенира, тие преминуваат во обезни. Обезни деца има околу 13,5 проценти, појаснува Ахмети.
Машкиот пол во поголем ризик од женскиот
Професор доктор Игор Спироски вели дека според информациите што ги објавуваат како Институт за јавно здравје и Македонско здружение за исхрана и здравје, може да се констатира дека сме високо меѓу државите, пред се во европскиот регион, особено во детската дебелина.
Спироски нагласува дека според најновите согледувања, 30 проценти од децата од шест до деветгодишна возраст кај нас, се со зголемена телесна тежина, додека 13,8 отсто живеат со дебелина или со екстремна дебелина. Споменувајќи ги храната, намалената физичка активност, седење пред компјутер, тој се осврнува и на најновите податоци што зборуваат и за социоекономски карактеристики, во земји со двојна оптовареност со дебелината.
Околу 28,4 проценти од возрасните во Македонија, имаат само дебелина, а над половина од населението над 18 години, е или со зголемена телесна тежина или со дебелина. Во однос на полот, машките се во поголем ризик од женските лица. Децата од урбаните средини се уште се со поголем ризик од оние што живеат во руралните средини, но и тој дел полека почнува да се менува, на штета на руралното, посочува Спироски.
Храната богата со калории најчеста причина за дебелина кај децата
Според професор доктор Елена Шукарова Ангелова, загрижувачки се податоците за овој  проблем кај децата и адолесцентите.
Според податоците со кои се располага, во светот околу 150 милиони деца се со екстремна дебелина. Децата обично доаѓаат со родители, кои исто така се дебели, со мисла дека е генетски. Генетската причина може да ја има, но сепак најчесто во нашата средина се среќаваме со деца кои се со дебелина предизвикана од храната. Некои од нив успеваат да се справат со дебелината со помош на семејството и средината, но некои не успеваат. Намалуваат, но повторно и се враќаат на тежината, посочува Шукарова-Ангелова.
Улогата на општеството, според неа, е во тоа да најде можности за да се превенира повторната дебелина кај овие деца.
Затоа апелираме до матичните лекари, градинките и училиштата да се таргетира овој проблем. Само на тој начин можеме да го намалиме прогресот на тежината кај децата, истакнува Шукарова-Ангелова, додавајќи дека треба да се менуваат и навиките во семејствата.
Дебелината не е индивидуален проблем, подвлекува, туку колективна грижа. – Сите заедно да се вклучиме во борбата, да се превенира. Децата купуваат енергетски пијалаци, а никој не ги контролира. Потребна е колективната едукација, децидна е таа.

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK