ноември 23, 2024

Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.

Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе.

Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.

– Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот, рече папата.

По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој.

– Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ, рече папата во својата проповед.

Папата ја служеше церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но со зарипнат глас.

Папата поради своето здравје не присуствуваше на некои настани во Рим на Велики петок.

Денеска тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK