Викендов на фудбалски натпревар во Охрид физички бил нападнат судијата по што полицијата започнала постапка за расветлување на случајот. Вчера (30.03 2024 г.) во 21.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар се вели во полицискиот извештај.
Следете не, не има насекаде