Во целиот изминат период секогаш упатував порака кон јавноста дека треба да ги сочекаме крајните одлуки, да ги имаме вистинските избори на информации… Нормално е во предизборен период да имаме одредени мислења, ставови коишто се застапуваат во јавноста, изјави поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека суштинската работа во утврдувањето на сите кандидати беше постапката којашто се направи во СДСМ, на многу демократски начин.
– Органите на партијата ги донесоа одлуките за кандидатите за пратеници. Ги имаме најдобрите можни кандидати за пратеници, не само за носители на листи, туку за сите 120 пратеници, во кои што има еден сублимат од искуство, знаење, младост, од се она што е потребно и претставува репрезент на граѓаните на Македонија – рече Спасовски.
Тој додаде дека низ опсежни биле утврдени сите кандидати, меѓу кои и кандидатите за носители.
– Овие листи, програмската понуда на Програмата за европската иднина на Македонија. и на Европската коалиција, исто така, се насочени кон победа на овие избори и продолжување по патот којшто е трасиран, патот којшто има извесност, патот којшто покажува што е тоа што им се нуди на граѓаните и отворање на перспективите – рече Спасовски.
Тој додаде дека СДСМ се насочени кон формирање на најдобар тим и најдобрата понуда пред граѓаните и затоа ќе ја бараат довербата од граѓаните, со цел да формираат влада после изборите.
За опозицијата рече дека нема јасно изразени ставови.
– Ако ја следиме опозицијата со нивните ставови, тие прво рекоа дека не прифаќаат нови документи со новото име Северна Македонија, за да дополнително видиме дека тие се согласуваат да имаме нови документи и тоа не од 2021 година, туку од 2019 година, па поставија прашање во јавноста зошто не сме почнале да ги менуваме и да добиваат граѓаните документи со новото име во 2019-2020 година, за да денеска организираат експресно преку МВР сите граѓани да можат да ги добијат документите. Тоа е едно лицемерие коешто се води од страна на опозицијата, без јасно изразени ставови. Тоа е исто како и за времето на пописот. Целата опозиција повикуваше граѓаните да не се попишуваат. Сето тоа е на контото на сите нас и на контото на политиките коишто треба да бидат креирани – рече Спасовски.
Тој додаде дека во јавноста се пласиираат лажни перцепции и лажни вести.
Спасовски истакна дека е многу горд што СДСМ е промотор на идејата за „Едно општество за сите“.
– Имаше многу идеи во изминатиот период, тие идеи мора да прераснат во одлуки. На основа на анализи коишто сме ги направиле, сметаме дека таа наша коалиција за европска иднина треба да биде составена од нашите традиционални партнери и од поединци, политички партии кои ќе го отсликаат тоа милје на Македонија. Многу сум горд што СДСМ е промотор на идејата за „Едно општество за сите“, СДСМ е промотор на учеството на малите етнички заедници во парламентот. Да не беше СДСМ во сите овие 30 години, ќе немаше ниту еден претставник на етничките заедници во парламентот – рече тој.
Додаде дека СДСМ останува цврсто посветена на целта којашто ја има.
– Европската визија, европската перспектива ќе биде обезбедена. Се грижиме нашите млади луѓе да живеат врз основа на европски вредности овде во државата – заклучи Спасовски.
Следете не, не има насекаде