Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, освен што направи вистинска незаборавна забава, синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје остави и трогателна порака на крајот на концертот.
Меѓу баладите, пееше и песни од познати македонски и југословенски бендови како Бијело дугме, Леб и сол, Нови фосили, а и пееше македонски народни песни како „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“.
Таа се расплака пеејќи ја песната „Роџено моје“ посветена за својот син Александар.
Пејачката ја снимила песната кога судот ѝ го одзел старателството над синот и го доделил на поранешниот сопруг Милан Поповиќ.
Северина на крајот остави силна порака за Македонија:
– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија! Многу ве сакам!
Следете не, не има насекаде