ноември 22, 2024

Шефицата на финската дипломатија, Елина Валтонен, сепак вели дека во моментов нема потреба од такво нешто, но како држава, вели, спремни се да разговараат за нешто такво на долг рок

Сега не е време за испраќање на војници во Украина, ние дури и не сме подготвени да разговараме за нешто такво во оваа фаза, но, на долг рок, се разбира дека не треба ништо да исклучуваме, вели финската министерка за надворешени работи Елина Валтонен во интервју за Фајненшл тајмс. Таа смета дека францускиот претседател бил во право кога со своите изјави ја натерал Русиај да се запраша кои би можеле да бидат границите на западната поддршка за Украина.

„Не е време за испраќање на странски војници во Украина во моментов бидејќи нема потреба од тоа, но доколку потребите се сменат во иднина, тогаш не ја исклучуваме оваа можност на долг рок“,

рече Валтонен.

Инаку, претходно и францускиот претседател Емануел Макерон не ја исклучи можноста да дозволи распоредување француски копнени трупи во Украина. Ова тој го соопшти по завршувањето на конференцијата за помош на Украина одржана во Париз минатиот месец, посочувајќи дека сите опции се отворени, особено во насока на тоа дека сите треба да бидат сигурни дека Русија нема да победи во војната против Украина.

Инаку, изјавата на францускиот претседател не беше добро прифатена во Европа, а повеќето европски лидери го отфрлија предлогот, под изговор дека не сакаат да бидат вовлечени во војна со Русија. Поголемиот дел од европските сојузници на Макрон рекоа дека нема да испратат војници во Украина по неговите коментари дадени на 26 февруари, додека француските власти исто така инсистираа дека таквите воени сили би можеле да бидат испратени за поддршка на операции како деминирање, наместо да бидат вклучени во борба против руските сили.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK