ноември 22, 2024

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека дваесетгодишната девојка Енкеледа Чела, која од вчера се водеше како исчезната е пронајдена во добра здравствена состојба денеска околу 18 часот

Дваесетгодишната Македонка од Албанија, Енкеледа Чела е пронајдена пред нешто помалку од еден час во близина на хотелот „Белви“, информираше првиот човек на македонската полиција на Фејсбук, Панче Тошковски.

Во објавата тој наведува дека таа е пронајдена од страна на припадници на СВР Скопје во добра здравствена состојба.

„Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето“,

вели Тошковски.

Претходно денеска, беше објавено дека дваесетгодишната девојка Енкеледа Чела, која од вчера се водеше за исчезната, била студентка на Економскиот факултет во Скопје.

Родителите на девојката, која е Македонка од селото Требиште во областа Голо Брдо и е државјанка на Албанија, претходно пристигнаа во Скопје.

„Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива“,

велат блиски роднини на девојката во изјава за МИА и потврдуваат дека родителите веќе се во Скопје.

Утринава, фотографијата на Фејсбук ја објави Јоана Манојловска, која напиша дека е другарка на исчезнатата девојка, а од МВР за „360 степени“ потврдија дека случајот вчера ѝ бил пријавен на полицијата во Петровец.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK