септември 19, 2024

Фудбалскиот клуб Евертон пријави загуба од 89,1 милиони фунти за сезоната 2022/23. Toa e шеста последователна сезона во која клубот од „Гудисон Парк“ бележи загуби, но минусот пријавен за сезоната 2022/23 е речиси двојно поголем од претходната сезона 2021/22.

На Евертон оваа сезона му беа одземени десет бода токму поради прекршување на финансиските правила во сезоната 2021/22. За обвиненувањата за кршење на финансиските правила за сезоната 2022/23, клубот се уште ја чека пресудата.

Во финансискиот извештај, Евертон објави добивка од 47,5 милиони фунти од продажбата на играчи. Овие пари се обезбедени од трансфееот на Ентони Гордон во Њукасл.

Пријавен е трошок од 210,9 милиони за инвестирање во новиот стадион кој треба да биде готов пред сезоната 2025/26. Пријавен е нето долг од 330,6 милиони фунти и загуба од 20 милиони фунти во спонзорски договори по прекинот на соработката со руските компании по почетокот на конфликтот во Украина, како и трошоците од 7,1 милиони фунти за отпуштањето на Френк Лампард и неговите помошници и дополнителни три милиони поврзани со промени во управниот одбор.

Според правилата на Премиер лигата, еден клуб може да има 105 милиони фунти загуби во текот на три сезони, значи 35 милиони по сезона. При пресметување на вкупниот долг се одземаат загубите и инвестициите поврзани со инвестиции во инфраструктурата, младинските и женските тимови.

The post Евертон пријави загуба од 89,1 милиони фунти appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK