септември 19, 2024

Кошаркарскиот клуб Алба од Берлин веројатно следната сезона нема да биде дел од Евролигата.

Според добро информираниот новинар Арис Баркас од специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“, голема е можноста тимот од Берлин следната сезона да игра во Еврокупот.

Според овој извор место на Алба ќе го заземе шампионот во Еврокупот. Париз моментално е во финалето, во исчекување на победникот од мајсторката меѓу Бург и Бешикташ.

Новинарот Баркас, во својот текст тврди дека Бург не е во плановите на челниците на Евролигата, но како интересни кандидати се претставени Париз и Бешикташ, кои би можеле да изборат пласман во Евролигата следната сезона.

За да може една од споменатите екипи да обезбеди место во елитата, мора да се ослободи едно место. Според сите проценки, во тој случај во Еврокупот би се преселила Алба.

The post Алба од наредната сезона ќе игра во Еврокупот? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK