септември 19, 2024

Пукањето од калашников кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, се случило во моментот кога овој во придружба на три или четири лица излегол да го прегледа поплочувањето на тротоарот на главниот пат што води кон плоштадот Арачиново, пишува весникот КОХА.

На двајцата повредени извршени се хируршки интервенции – првата во болницата „Свети Наум“, додека втората на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. И двајцата се познати во Арачиново како мудри, почитувани и семејно ориентирани момчиња.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека Ибрахим бил цел на нападот.

„Цел на денешниот вооружен напад во Арачиново беше градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими. Во размената на огнот е повреден синот на неговиот возач, кој во моментов е на операција во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Во меѓувреме, 39-годишниот Е.С., ранет во градниот кош, се наоѓа на лекување во болницата „Свети Наум во Скопје“, изјави Тошковски за медиумите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK