септември 19, 2024

Минатиот месец германската компанија „Адидас“ ги претстави новите дресови во кои германската репрезентација ќе настапи на Европското првенство. Социјалните мрежи многу брзо се фокусираа на еден детаљ по објавувањето на фотографиите. Најгласните коментари беа за дресот со број 44.

Историчарот и археолог, Мајкл Кониг, на социјалните мрежи објави дека забележал дека дресот со број 44 неодоливо потсетува на злосторничката „Дивизија СС“ од Втората светска војна.

Historisch gesehen sehr fragwürdig solche Trikots zur HeimEM zu ermöglichen @DFB @adidas pic.twitter.com/KE69jAyIQ9

— Michael König (@08MiKowitsch15) March 29, 2024

По големите дискусии и многуте приговори кои стигнаа на адресата на компанијата Адидас, од денеска веќе не може да се нарача дресот на Германија со бројот 44 во онлајн продавницата на Адидас.

Сите испораки на веќе купени дресови со тој број се прекинати, а најавено е дека ниту еден фудбалер на германската репрезентација нема да го има бројот 44 на грбот.

Речиси сите критики беа упатени кон големиот спортски бренд, но Адидас тврди дека Германскиот фудбалски сојуз и неговите партнери биле одговорни за дизајнот на фонтот што ќе се користи за печатење на презимињата и броевите на дресовите.

Германскиот фудбалски сојуз на крајот на март објави дека од 2027 година спонзор на опремата на сите репрезентативни селекции на оваа земја ќе биде американската компанија Најк.

И тоа ќе биде крај на повеќе од 70 години соработка со Адидас.

Европското првенство се игра во Германија и почнува на 14 јуни.

The post Адидас го повлече контроверзниот германски дрес со број 44 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK