мај 12, 2026

Почитувани, ја информирам целата македонска јавност дена денес на 01.Април е точно еден месец откако порталот Република.мк објави дека Управниот суд на Република Македонија донел Решение во врска со мојата Тужба против мојата партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со прекршувањата на Статутот на партијата во врска со избор на кандидат за претседател на Републиката поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Тврдејќи дека Тужбата е НЕДОЗВОЛЕНА, а тоа не значи дека е НЕОСНОВАНА.

Јас се уште чекам Управниот суд да го достави наводното Решение во врска со Тужбата до мене за да продолжи процесот.

Во меѓувреме испратив писмо до претседателот на Управниот суд господинот Бурум Сејдини кое во прилог Ви го презентирам како ОТВОРЕНО ПИСМО.

И се уште чекам на нашето судство и правдата во Македонија.

Додека не заврши судскиот процес во целост истиот е активен и тоа во конкретниот случај значи дека Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е прекршен од страна на Мицкоски и тоа е поддржано од Силјановска.

Фејсбук статус на Оливер Андонов

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK