септември 20, 2024

Менаџерот на Барнли, Венсан Компани изјави дека судењето во Премиер лигата оваа сезона не е доволно добро.

Компани доби црвен картон поради протест, откако судијата Дарен Ингланд му досуди пенал на Челзи во саботното реми 2:2, по што играчот на Барнли, Лоренц Асињон беше исклучен.

На 30 натпревари оваа сезона, шест играчи на Барнли добија црвени картони, најмногу меѓу тимовите од Премиер лигата.

Компани рече дека не се срами да им го каже мислењето на судиите и дека нема проблем со казнувањето.

„Им реков на судиите, арбитражата не е доволно добра оваа сезона. Тоа им го кажав на конструктивен начин, разбирам дека и ним не им е лесно. Додавањето ВАР и повеќе мислења и повеќе официјални лица не им ја олеснува работата“, рече Компани.

Барнли е претпоследни на табелата и е на четири бода од безбедната зона.

The post Компани: Судењето во Премиер лигата оваа сезона не е добро appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK