мај 12, 2026

Шпанскиот тренер, Чави Пасквал најверојатно ќе се врати во Евролигата по пауза од две години.

Пасквал е се поблиску до потпишување договор со Анадолу Ефес. Двократниот европски првак, по заминувањето на Ергин Атаман потпиша договор со Ердем Џан. Поради лошите резултати тој пред два месеци доби отказ,

Него на клупата го замени хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ, кој долги години му беше помошник на Ергин Атаман.

Пасквал четири ипол години е во Зенит од Санкт Петербург. Клубот поради санкциите последниве две сезони не игра во Евролигата.

Најдобри резултати Паксвал ги забележа кога беше на клупата на Барселона, со која успеа да ја освои титулата европски првак во 2010 година и четири пати беше шампион на Шпанија.

The post Чави Пасквал се враќа во Евролигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK