Најмалку 29 лица загинаа во пожар што избувна за време на дневни поправки во ноќен клуб во Истанбул, јавија локалните медиуми.
Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се во тешка состојба, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Кабинетот на гувернерот соопшти дека пожарот избувнал во квартот Бешикташ во центарот на Истанбул на европската страна на градот.
Пожарот избувнал за време на реновирање на ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во 16-катница на улицата Јилдиз Поста, во населбата Гајретепе.
Министерот за правда Јилмаз Тунч на Х соопшти дека се издадени налози за апсење на пет лица, вклучително и три лица кои раководеле со ноќниот клуб и еден одговорен за реновирањето.
Во тек е истрага на лице место и прибирање докази, а тим од тројца експерти специјализирани за заштита при работа и пожар исто така продолжуваат со работа за утврдување на причините за пожарот, додаде тој.