декември 4, 2024

Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Нојер информираше дека скршил нога додека скијал, а со тоа оваа сезона за него заврши.

Нојер вели дека по дебаклот на Светското првенство во Катар, сакал да се „излуфтира“ со скијање, но работите станале уште полоши за него откако заработил скршеница на ногата и за него сезоната е завршена.

„Што можам да кажам, крајот на годината дефинитивно можеше да биде подобар… Додека се обидував да ја избристрам мојата глава со скијање, заработив скршеница на ногата. Вчера ми беше направена операција која помина добро. Голема благодарност до докторите! Како и да е, боли тоа што знам дека оваа сезона за мене е завршена. Чувајте се“, напиша Нојер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK