септември 21, 2024

Вчера на 06.04.2024 година, сабота во Карпински манастир или “Воведение на Пресвета Богородица” сместен во близина на селото Орах, Кумановско во Источна Македонија (Основан е во 14 век) со почеток во 13.30 часот беше одржана панихида во чест на бранителот и херојот Чедо Додевски под мотото „ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО”. Претходно успешно беше спроведен марш до Карпинските езера.

Чедо Додевски (Куманово, 1956 – Слупчане, Кумановско, 13 февруари 2001) бил Македонски бранител, сообраќаен полицаец и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Чедо Додевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.

Почесни гости на настанот беа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски и кандидатите за пратеници на Собранието на Република Македонија Боби Николовски и Бране Петрушевски и Претседателот на КСС Благоја Ралповски.

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО, НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ЗАБОРАВАТ, СЛАВА МУ!

ЦЕЛТА на акцијата-маршот е да се промовира и тргне од заборав ликот и делото на Чедо Додевски.

Со почит,
Синдикат на полиција во Македонија

Манастир Карпино

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK