септември 21, 2024

ОВЕН
Бидете внимателни и не им верувајте на луѓето коишто малку ги познавате, бидејќи можни се измами и кражби како во вашиот дом и канцеларија, така и во вашата интелектуална работа. Контролирајте се и не преземајте неразумни постапки. Доколку се занимавате со трговија, можни се неочекувани пресврти на ваша штета. Прекинете ги сите несоодветни познанства и пријателства.

БИК                         
Она што ви недостига и ви штети не е ништо друго освен вашето силно изразено его. Пропуштањето на важни судбоносни знаци ќе влијае и на вашите идни планови. Не комуницирајте со непознати луѓе. Нема да биде чудно доколку имате интересен и незаборавен деловен состанок. Ако патувате, не претерувајте со големите брзини.

БЛИЗНАЦИ                                    
И покрај желбата да бидете стабилни, на работното место сте расеани и нервозни, а си штетите и самите себеси затоа што вашите реакции не се исправни. Агресијата може да стане причина за конфликти со вашите колеги и за ваши грешки. Одложувајте ги деловните состаноци и не потпирајте се на вашата среќа.

РАК
Не се среќавајте со луѓе кои ви го трошат времето и не дозволувајте да ве искористат. На работното место ви се одвлекува вниманието со разгледување на нови планови, што ве спречува да ги извршувате обврските. Проблемите во комуникацијата ќе се одразат и на вашата работа. Секоја агресивност е на ваша штета. Задлабочете се во вашите задачи за да успеете.

ЛАВ
Одлично се справувате со својата работа. Вашата работа ве преокупира, но тешкотиите се надминливи. Вечерта, многумина од вас ќе се препуштат на забава, но не треба да ги споделувате своите идеи за да блеснете во непознато друштво. Време е да размислите за проблемите поврзани со вашите професионални планови и да ги отстраните.

ДЕВИЦА
Можно е до крајот на овој ден да се појават проблеми за кои е потребна итна финансиска поддршка. Добро размислете дали вреди да земете кредит и дали ќе успеете да го вратите навреме, а доколку имате можност да инвестирате во делови од предложениот проект ќе биде најдобро е за вас. Во ваша корист е да се справите сами. Оние кои работат во сферата на приватниот бизнис да се заштитат од проблеми. Можни се и финансиски загуби што може да се избегнат.

ВАГА
Откријте нови можности за изразување, бидејќи веќе чувствувате притисок од неможноста да се развиете, но не нужно надвор од земјата, за да не останете разочарани и без работата што ве храни во моментот. Овој факт ве депримира. Размислете и разговарајте за вашите планови. Ако треба, разговарајте со вашите најблиски. Размислете за промена на живеалиштето само доколку е неопходно. За жал, нема да бидете успешни во деловните разговори.

ШКОРПИЈА
Подложени сте на противречности, а денот ви е исполнет со негативни емоции. Наметнете тактичност, трпение, но и флексибилност во комуникацијата. Потпрете се на вашата способност навремено да ја менувате тактиката во вашето однесување според ситуацијата што се појавува, но со разум, а не со емоции. Дејствувајте на работното место, но не нужно во насока во која се одвиваат настаните, бидејќи спротивното може да биде подобро за вас. Можен е неочекуван пресврт во ваша корист и финансиски приходи.

СТРЕЛЕЦ
Ве обзема желба да започнете нова активност, но не судите дали сега е вашето време за остварување на целта. Избрзувањето ви штети. Почетоците нема да ви донесат успех. Одложете ги деловните состаноци. Не ги споделувајте вашите планови со никого, за да не ве престигнат конкурентите. Можно е поради тврдолгавост или инает да создадете проблеми на работа. Не патувајте.

ЈАРЕЦ
Бидете умерени во вашите желби и постапки и не дозволувајте да ја нарушат хармонијата на вашите односи на работното место. Не дозволувајте да ве испровоцираат за да ги дознаат вашите планови, а потоа да ве предизвикаат штети. Работата за која решивте да разговарате денеска сигурно ќе ви предизвика идни проблеми доколку не процените дали вреди да се зборува за тоа.

ВОДОЛИЈА
Сите ваши состаноци се поврзани со проблеми и недоразбирање од страна на вашите колеги. Бидете трпеливи и воздржани. Ако сте нервозни и избувливи, ќе си наштетите. Доколку го задржите доброто расположение, успехот ќе ве следи а работните задачи ќе ги завршите до крајот на денот. На работното место стабилизирајте го постигнатото.

РИБИ
Тешкотиите со кои ќе се соочите се поврзани со трошоци поради поправки во вашиот дом и проблеми предизвикани од вашите најблиски. Вашите блиски повторно покажуваат завист, на што треба да сте навикнати. Поднесете го тоа и игнорирај ги. Можеби вложувате повеќе труд во вашата работа отколку што мислевте.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK