септември 22, 2024

Новинарот на „ПорталиИкс“ Фуркан Салиу вечерва е ослободен, откако поплaднето беше уапсен за време на фудбалски натпревар во скопското село Коњаре. Откако беше пуштен на слобода, тој даде изјава пред полициската станица во Автокоманда.
Поради вашата поддршка и поддршката на овој народ што се собра тука сум ослободен. Во некоја различна ситуација сега ќе бараа притвор за мене, морам да кажам, без ниту еден доказ. Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнат. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец“, кажа Салиу.

Потоа тој кажа дека без негово присуство му била проверена неговата приватна кола и дека неговиот пиштол, кој го има со дозвола, бил најден законски расклопен. Тој вели дека тоа е направено во обид да ги избришат снимките на неговите камермани, кои во тој момент биле во возилото.

Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат. Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Се дерам дека сум новинар, 90 отсто до тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK