септември 22, 2024

На 06.04.2024 во 13:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски” на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева.

Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје.

Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK