септември 22, 2024

Таа посочува и дека на минатите избори нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски изгубил на сите дебати со неа

Гордана Силјановска-Давкова – кандидатка за претседател

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкока, смета дека тезата за „едно општество за сите“ е целосно погрешна и нелогична. Таа оценува дека имаме две општества и тие не живеат заедно, оти лидерите на тие општества склучуваат договори врз основ на бизнис-политика.

„Ви ветувам дека како што достојно сум се однесувала во образованието, како што сум ги почитувала студентите, сум им се посветувала, сум сочувствувала, сум ги учела и сум учела од нив, така ќе се однесувам и со политичката функција“,

вели Силјановска-Давкова.

Таа посочува и дека на минатите избори нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски изгубил на сите дебати.

„Нека одбере место, нека одбере формат и пак ќе го победам“,

вели Силјановска-Давкова

Стево Пендаровски, пак, денеска од Охрид порача:

„Јас предлагам дуел, кој опозицијата го избегна. Македонските граѓаните треба да знаат дека побегнаа од мастер-дебата. Јас ја предложив, пред 20 дена реков – дајте сите да седнеме, сите да се присутни. Нивниот кандидат се мислеше, еднаш прифати, па откажа. Потоа, откажаа некои телевизии од за мене непознати причини“.

Тој додаде дека предлага дебата било каде, па макар и во Белата Палата, која чини 30 милиони евра, пред камери и медиуми на опозицијата, да се разгвоара за кое било прашање.

„Тврдам дека имам визија и план за Македонија и тоа го докажувам пет години наназад. Сите може да судите за што сум бил и против што сум бил, што сум рекол за било кое прашање или тема“,

рече актуелниот шеф на државата и претендент за уште еден мандат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK