септември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, велат од ДУИ.

„Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека „лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе“.
Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати,

Европскиот фронт му става до знаење на Мицкоски и неговите деривати дека Северна Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.

Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија“ порачаа од ДУИ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK