септември 22, 2024

Фудбалер од ФК „Брера“ од Струмица нападна играч на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци, по вчерашнниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерот е приведен, а според информациите од МВР се работи за Ѓ.И.(28) од Република Србија.

„По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш““, информираа од полицијата.

По документирање на настанот против фудбалерот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Натпреварот заврши со победа на „Тиквеш“ врз „Брера“, по вторпат оваа сезона.

The post Фудбалер на „Брера“ нападна играч од „Тиквеш“ по вчерашниот натпревар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK